Пренџов за бегството на Мијалков: Очекував веќе да има оставки од клучните луѓе во државава

од Берта Китинска
394 прегледи

Љупчо Пренџов кој е член на „ГРОМ“ во емисијата 24 Анализа во врска со бегството на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков изјави дека очекувал денеска да си поднесат оставка клучните луѓе во државата.

– Денеска е касно на било кој да му кажеме дека ние во овој систем би направиле било каков ред и дека во иднина нема да се случуваат слични ситуации.Она што денеска го очекував е до пладне да има веќе две оставки од клучните луѓе во државава мислам на премиерот и министерот за внатрешни работи.Она што го слушнав од премиерот е дека и тој исто бил разочаран како останатиот дел од народот. Човекот кој пред порачуваше дека е време да се воведе ред, правда и дисциплина по четири години вели дека е разочаран ,тогаш треба да си поднесе оставка, вели Пренџов.

Слични содржини