Пренос во живо од Европското првенство во паркот Нирнберг во Ново Лисиче

од Vladimir Zorba
331 прегледи

Општина Аеродром организира пренос во живо од Европското првенство во фудбал во паркот Нирнберг во Ново Лисиче и можност за групно следење на натпреварите од ЕУРО 2020.

Првиот пренос ќе биде утре, 13 јуни (недела), од 17:00 часот, кога македонската репрезентација ќе игра против Австрија во Букурешт.
Натпреварите ќе бидат пренесувани на голем екран, а еден час пред настапите на нашите репрезентативци ќе има организирана програма со водител и гости.

Инаку, преносот на натпреварите ќе се организира секоја вечер од сите натпревари, односно сè додека трае учеството на нашата репрезентација.

Овој настан се организира во согласност со сите протоколи и се молат присутните да ги почитуваат пропишаните мерки.

Слични содржини