Преполовена добивката на „Goldman Sachs“ во првиот квартал

од Vladimir Zorba
229 прегледи

Инвестициската банка „Goldman Sachs“ денеска го објави финансискиот извештај за првиот квартал од 2022 година, според кој добивката на компанијата е речиси преполовена во однос на истиот период минатата година.

Како што Федералните резерви на САД почнаа да ја намалуваат поддршката за економијата од ерата на пандемијата, деловните зделки забавија во првиот квартал, што имаше негативно влијание врз некои од најпрофитабилните сегменти од бизнисот на Goldman Sachs, пренесе Ројтерс.

Профитот на Goldman Sachs падна на 3,83 милијарди долари во првите три месеци, или 10,76 долари по акција, од 6,71 милијарди долари или 18,60 долари по акција пред една година.

Слични содржини