Темелните реформи во мандатот на вмро се сјајна препорака за губење на препораката. Европската унија нема повеќе ниту една причина да не држи во неизвесност по тоа прашање.
Ниту најголемите непријатели на Македонија не можат да откријат во нашата татковина макар една европска вредност која не е уништена. И народот е подготвен: сосема е на место тврдењето на вршителот на должноста премиер дека Македонецот повеќе ќе се возбуди ако изгуби во “Моцарт” отколку ако ја загуби препораката за членство во Европската унија.
Ова е врв на историската мисија на вмро, мислам, фактот дека ќе успеат да не остават без препорака односно без иднина.
Зошто е важно губењето на препораката?!
Затоа што статусот што го обезбедува и особено патот кон статусот што требаше да го оствариме, се единствената работа која на ова парче земја и на овие луѓе им даваше некоја смисла над идејата за ефтиното куротресно кобајаги работно ангажирање ( вработување) над идејата за ситните лоповлуци, над идејата за бесплатните бањи и јавни превози, значи над идејата за добро чувани и негувани кретени во Македонија како санаториум. Во таа смисла без препораката ние сме ништо, а вмро е се и ќе може да се распушти.
Бранко Тричкоски
фејсбук статус