Премиерот Зоран Заев и еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, одржуваат заедничка прес-конференција во Клубот на пратениците во Скопје.
Еврокомесарот Хан е во дводневна посета на Скопје. Тој и премиерот Заев вчера учествуваат на конференцијата за слобода на медиумите од Западен Балкан, финансирана од ЕК.
Заедничка прес-конференција со еврокомесарот Јоханес Хан
Граѓаните на Република Македонија никогаш не се чувствувале поблиски и подобредојдени во Европската Унија отколку сега. Посетата на големиот пријател на Македонија, еврокомесарот Јоханес Хан, го потврдува тоа. Круна на нашиот напредок ќе биде почетокот на преговорите за членство во јуни 2019.Република Македонија и нејзините граѓани високо ја ценат поддршката на ЕУ за напредување на нашата држава, за спроведување на неопходните реформи и за спроведување на Договорот со Грција.
Публикувахте от Zoran Zaev в Вторник, 18 септември 2018 г.