Преселбата на Кошта во Вулверхемптон е под знак прашалник поради проблем со визата

од Vladimir Zorba

Преселбата на напаѓачот Диего Кошта во Вулверхемптон е доведена во прашање поради проблемите на играчот со издавањето на работна виза за Англија, тврди The Athletic.

Тој аплицираше, но беше одбиена работна виза затоа што нема доволно бодови, а клубот од Премиер лигата моментално ја оспорува одлуката. 33-годишниот фудбалер вечерва се очекува во Англија, а утре треба да помине медицински прегледи.

Сепак, неговиот потпис со клубот зависи од одлуката на властите на Островот.

„Волците“ му понудија на бразилскиот напаѓач со шпански пасош едногодишен договор откако летното засилување Саша Калајџиќ заработи сериозна повреда против Саутемптон.

Слободниот агент последен пат играше за Атлетико Минеиро во својата татковина.

Слични содржини