257
Престануваат да важат мерките за алармирање во Тетово, Куманово и Кавадарци бидејќи среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање.
– Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 175mg/m3 на мерните места во Тетово, Куманово и Кавадарци и со тоа престануваат да важат препораките и мерките при надминат праг на алармирање, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.