171
Престолонаследникот на Саудиска Арабија Мохамед бин Салман повика на прекин на војната во Газа и на „присилното раселување“ на Палестинците.
„Ја нагласуваме потребата да се запре оваа војна и присилното раселување на Палестинците“, порача тој денеска на Саудиско-африканскиот самит во Ријад.
„Го осудуваме она што го доживува Појасот Газа во однос на воена агресија, напади врз цивили и континуирано кршење на меѓународното хуманитарно право од страна на израелските окупаторски власти“, додаде тој.