Алајдин Сулејмани (31) од Арачиново им подлегна на повредите по престрелката што се случи попладнево кај Бит-пазар во Скопје. Според информациите од МВР, инцидентот се случил околу 14 часот зад полициската станица Бит-пазар, каде две групи од по пет до шест лица размениле огнена пресметка.
Сулејмани бил тешко ранет и веднаш бил пренесен во скопскиот Клинички центар, но лекарите не успеале да го спасат. Според неофицијални извори, тој е син на Назим Сулејмани – Аруша, поранешен командант на ОНА од Арачиново, кој почина во 2018 година.
Полицијата работи на расветлување на случајот и се трага по учесниците во вооружениот конфликт.