Пресудата за убиството на младиот Ангел Петковски закажана за 26. март

285 прегледи

Со завршните зборови на одбраната, денес во Кривичниот суд во Скопје заврши денешното рочиште за убиството на Ангел Петковски. Судот оттаму, ја закажа пресудата на 26. март.

Адвокатката на обвинетиот, Ештрефи нотираше шест работи, кои според неа треба да се утврдат за да се пристапи кон казнување.

„Кражбата на велосипедот не е иницијална каписла за случување на овој настан, туку е однесувањето на сега оштетениот и неговиот син, кои што по секоја цена сакале да го стигнат крадецот и да се пресметаат со него на било кој начин“, истакна бранителот.

Во завршните зборови на одбраната свој исказ даде и обвинетиот Насер Ештрефи, кој кажа дека се кае за овој немил настан.

„Јас не сакав, и мојот живот беше во прашање, и мене не ми беше лесно“, посочи обвинетиот.

Претходно, обвинетиот Ештрефи, со одлуката на Основниот кривичен суд Скопје беше осуден на 14 години затворска казна, што беше потврдена од скопската Апелација. Одлуките ги укина Врховниот суд и судењето против обвинетитот Ештрефи беше вратено на повторно одлучување.

Убиството на Ангел Петковски се случи на 19 мај 2014 година во населбата Ѓорче Петров. Инцидентот започна со кражба на велосипед од страна на Насер Ешрефи од скопското село Грчец.

Случајот го води судијката Судија Диана Груевска Илиевска а застапник на обвинението во овој случај е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

Слични содржини