Пресврт: Apple ја обнови програмерската сметка Epic Games Sweden AB

од Vladimir Zorba
268 прегледи

Во НЕОЧЕКУВАН пресврт, Apple ја врати програмерската сметка на Epic Games Sweden AB два дена откако ја укина, обвинувајќи ја Epic Games за „грубо прекршување на договорните обврски“. Epic Games сега наведува дека ова ќе овозможи продолжување на плановите за лансирање на Fortnite и Epic Games Store во европските земји.

Epic Games објави нова изјава на нивната страница споделувајќи ја оваа вест. „Apple ни кажа и се обврза на Европската комисија дека ќе ја обнови нашата програмерска сметка“.

Додадено е дека со овој потег, Европската комисија испраќа силна порака дека брзо ќе дејствува за да го имплементира Законот за дигитални пазари (DMA).

„Прва голема победа“

Apple исто така се огласи. „Разговаравме со Epic и тие се обврзаа да ги следат правилата, вклучително и нашите политики за DMA. Како резултат на тоа, Epic Sweden AB доби дозвола повторно да го потпише договорот за програмери и беше прифатен во програмата за програмери на Apple“, известува Variety.

Извршниот директор на Epic, Тим Свини, напиша во објава на X дека ситуацијата е „првата голема победа“ за Законот за дигитални пазари на ЕУ.

„DMA го помина својот прв голем предизвик со забраната на Apple за програмерската сметка Epic Games Шведска да се натпреварува на App Store и DMA штотуку ја доживеа својата прва голема победа“, напиша Свини.

„По брза истрага од страна на Европската комисија, Apple ги информираше Комисијата и Epic дека ќе попушти и ќе го врати нашиот пристап за да можеме да го вратиме Fortnite и да ја лансираме Epic Games Store во Европа под DMA“.

За потсетување, оваа недела стапи на сила новиот акт со кој се регулираат големите технолошки компании како Apple во ЕУ. DMA обезбедува листа на тоа што компаниите смеат и што не смеат да прават за да обезбедат фер пазарна конкуренција.

Слични содржини