Porsche постави цел 80 отсто од продажбата на брендот да се состои од електрични модели до 2030 година. Но, бидејќи моделите на електрични автомобили не се продаваат многу добро, а продажбата на Porsche Taycan е преполовена, плановите се менуваат.
Оваа недела беше откриено дека Porsche ги отпушта финансискиот директор, Луц Мешке и директорот за продажба, Детлеф фон Платен поради турбуленциите со кои се соочува производителот. Во четвртокот се одржа состанок на одборот на кој надзорниот одбор ги одобри плановите на компанијата за нова голема инвестиција. Накратко, Porsche напушта делови од својата претходна стратегија за воведување електрични автомобили.
Во 2025 година производителот ќе инвестира 800 милиони евра во нови мотори со внатрешно согорување и plug-in хибриди. Porsche, исто така, сака да ги опреми своите планирани и сегашни модели на електрични автомобили со мотори со внатрешно согорување.
Дел од парите ќе бидат наменети и за развој на батерии за електрични автомобили, но Porsche сè уште не откри точно колку.
Porsche за FAZ ја објасни новата џиновска инвестиција на следниов начин: „Се преземаат обемни мерки за зајакнување на профитабилноста на компанијата на краток и среден рок“..