Пресврт на векот: Бибер го поддржа Израел, а објави фотографија од разурнатата Газа (ФОТО)

од Radmila Tasevska
242 прегледи

Пејачот Џастин Бибер вчера преку својот Инстаграм профил со фотографија од разурнатата Газа покажа поддршка за Израел.

Популарниот пејач набрзо се соочи со критики од следбениците за неговата поддршка за Израел, на која се најде и фотографија од Газа, па реши да ја избрише изјавата. Имено, покрај таа фотографија напиша „Да се молиме за Израел“.

Инаку, станбени и трговски објекти и џамии во Газа беа уништени во знак на одмазда за нападот што во саботата го изврши палестинското движење на отпорот Хамас на територијата на Израел.

„Да ги понижувам сите Палестинци или сите Израелци ми изгледа погрешно. Не сакам да бирам страни, но ме интересира да застанам со семејствата кои ни беа брутално одземени“, напиша Бибер во претходна објава на својата приказна на Инстаграм.

Медиумите се обидоа да контактираат со неговите претставници за коментар, но сè уште не добиле одговор.

Тој не е единственото медиумско лице кое се огласи за целата ситуација. Своето мислење го кажаа голем број познати личности.

Слични содржини