Принцот Хари верува дека има реална перспектива да ја врати целосната полициска заштита во Обединетото Кралство. Според информирани извори, тој наводно добил „позитивни“ сигнали од владата дека неговата заштита може да биде обновена.
Војводата од Сасекс испратил писмо до британското Министерство за внатрешни работи, барајќи повторна проценка на безбедносните ризици за него и неговото семејство. Тие ја изгубија државната полициска заштита во 2020 година, откако принцот Хари се повлече од кралските должности. Оттогаш, тој се обидува да ја врати таа привилегија, но во мај 2025 година, го изгуби случајот на апелациониот суд.
„Ravec“ (Royal and VIP Executive Committee) започна нова проценка на ризикот и заклучи дека принцот Хари ги исполнува условите за официјална заштита, објави „PageSix“. Најмладиот син на кралот Чарлс учествуваше на дводневно рочиште минатиот мај, а неговиот адвокат тврдеше дека неговиот живот е во опасност без полициска заштита.
Откако првично го изгуби спорот, се вели дека Хари бил „скршен од срце“ и ја обвини Кралската палата за одлуката, тврдејќи дека тие влијаеле на исходот. Доколку одлуката се донесе во корист на Хари, тоа би можело да влијае и на неговиот однос со семејството и да отвори простор за евентуално зближување.
Во интервју за Би-Би-Си, Хари откри дека сака да се смири со своето семејство. Тој верува дека неговиот татко може да влијае на одлуката и покрај тоа што палатата негира дека кралот има моќ да ја врати таа безбедност.