Ким Кардашијан и Канје Вест беа еден од најуспешните парови во светот, се разведоа, но на заплетканата љубов и семејните односи им нема крај. Сепак, се чини дека има голема промена во моментот, а можеби и навестување за помирување, наведува „Glossy“.
Една од најпознатите и најбогатите жени во светот, Ким Кардашијан, заедно со децата Норт, Сеинт, Чикаго и Псалм, пристигна на прославата и промоцијата на албумот на Канје Вест наречен „Донда“.
Ким беше фотографирана како седи на трибините и заедно со нејзината сестра Кортни Кардашијан, но и децата, го бодрат својот (поранешен) сопруг.
Долго очекуваната промоција на албумот се одржа на стадионот „Мерцедес-Бенц“ во Атланта, Џорџија.
„Јас секогаш ќе бидам најголемиот фан на Канје. Тој е татко на моите деца и секогаш ќе биде семејство“, рече неодамна Ким.
View this post on Instagram