15
„СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.М.(39), Е.М.(20) и против 17-годишник, сите од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 21.06.2025 во Струга, пријавените физички нападнале малолетник од Струга и му нанеле тешки телесни повреди, а му го одзеле и мобилниот телефон“, информираат од МВР.