349
Двајца жители на кичевското село Лазоровци најнапред вербално, а потоа и физички нападнале полициски службеници кои вршеле службени дејства, информираа од МВР.
–Двајцата А.М.(38) и П.М.(38) се приведени и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, истакна портпаролот во ОВР – Кичево, Стефан Димоски.
Настанот се случил на улицата „11-ти Септември“ во Кичево.