Претпазливост поради коронавирусот: Сон ќе биде во карантин по враќањето од Сеул

од Nikola Popovski

Фудбалерот на Тотенхем,Сон Хеунг Мин ќе биде во карантин по враќањето во Англија од Сеул, од претпазливост поради ширењето на коронавирусот.

Сон ја мина минатата недела во Сеул, поради операција на раката и наскоро се враќа во Англија, изјави денеска тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо.

„Тој ќе мора да се придржува кон безбедносниот протокол“, додаде Морињо.

Властите во Јужна Кореја соопштија дека има 2.337 случаи на вирусна корона во земјата. Досега 16 лица починале од вирусот.

Мурињо изјави дека се надева дека Сон ќе се врати „за неколку натпревари“ пред крајот на сезоната.

Тој рече дека истата работа важи и за напаѓачот Хари Кејн, кој закрепнува побрзо од очекуваното. Се предвидуваше дека ќе го пропушти остатокот од сезоната и евентуално Европското првенство.

“Ми дава надеж дека наместо еден или два натпревари, тој може да биде подготвен да игра три, четири или пет. Јас шпекулирам малку, но прогнозата е добра. Тој прави сè што може во моментот и секогаш е во добро расположение. Засега, се оди добро“, изјави Мурињо.

Слични содржини