158
Денеска (14.04.2023) полициски службеници од ОВР Делчево при СВР Штип ги лишиле од слобода А.М.(24) и Д.И.(24) од Делчево.
Имено, по преземени мерки и активности, со судска наредба полициските службеници извршиле претрес во домот на С.М.(24), при што пронашле и одзеле марихуана. Истиот ден, по судска наредба, извршен бил претрес на дом и други простории во кои живее Д.И.(24) во Делчево, при што биле пронајдени и одземени две ќеси со марихуана, кутија со остатоци од марихуана и дробилка. При преглед на патничко возило „ауди“, пак, сопственост на Д.И., била пронајдена и одземена уште една ќеса со марихуана.
Двајцата биле приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.