191
На 18.11.2022 во 08.45 часот на ул.„Тиквешко востание“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода П.М.(40) и Р.Ф.(36), двајцата од Кавадарци, затоа што при преглед кај нив, кај П.М. биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја и поголем износ на пари во различни апоени.
Подоцна, со судска наредба наредба, бил извршен претрес во домот на П.М., при што биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, дигитална вага и други предмети со остатоци од прашкаста материја.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.