Претрес во Кавадарци, расчистени повеќе кражби

од Nikola Popovski

На 20.07.2022 во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Р.Р.(32) од Кавадарци.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривични дела кражби и тешки кражби извршени на подрачјето на ОВР Кавадарци и ОВР Неготино.

Тој бил приведeн во Полицискaта станица во Кавадарци и по целосно документирање на случјаот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини