376
На 21.04.2022 во 18.10 часот во казино на подрачјето на Драчево од полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија е лишено од слобода едно лице од с.Палиград, скопско, затоа што при претрес во казиното, извршен со судска наредба од Основен кривичен суд, во просторија од казиното била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.