Претрес во Кичево, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 13.12.2025, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода М.Ч.(24) од Кавадарци.

од Vladimir Zorba
20 прегледи Фото: Полиција

На 13.12.2025, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода М.Ч.(24) од Кавадарци.

При претрес во простории кои привремено ги користи во Кичево, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, предмети со остатоци од Марихуана, шприц исполнет со течност и други предмети.

По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.