Претрес во Кочани, пронајдени нелегални пиштол и муниција

од Vladimir Zorba
202 прегледи

Полициски службеници од ОВР Кочани, вчера го лишиле од слобода Р.Н.(45) од Кочани.

Како што информираат од МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена застава“ калибар 7.65 мм и 50 куршуми калибар 7.65 мм за кои не поседувал дозвола.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини