263
Полициски службеници од Полициската станица Кочани вчера, во 18:00 часот) го лишиле од слобода В.Л.(47) од с. Мојанци, поради дрога.
– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка, соопштуваат од МВР.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.