301
Полициски службеници од СВР Скопје-Единица за насилен криминал, по добиена судска наредба, денеска извршија претрес во дом на З.З. (55) во скопското село Мирковци.
Како што информираа од МВР, при претресот пронајдена е автоматска пушка.
– З.З. е лишен од слобода и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопштија од МВР.