452
Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид вчера во 14:40 часот го лишиле од слобода Х.Б.(24) од Охрид.
Како што информира МВР, при претрес во неговата викенд куќа, помошни простории и патничко возило во охридското село Косел, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, шприцеви исполнети со кафеава течност, грендер со остатоци од марихуана и еден самострел.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.