Претрес во Радовиш, пронајдена дрога

од Stefanija Kuzmanovska
219 прегледи

На 01.12.2023 во Радовиш, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишија од слобода Н.Б.(32) од Радовиш.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана, дигитална вага и дробилка, соопшти МВР.

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини