Претрес во седиштето на Карфур во Франција

од desk3
76 прегледи

 

Седиштето на францускиот лидер на супермаркети Карфур во Маси во парискиот регион, беше посетено од страна на Генералната дирекција за конкуренција, потрошувачка и репресија на злоупотребата, јави дописникот на МИА од Париз.

download

Претресот кој беше извршен на 9 февруари, но за него се дозна само викендов, се однесува на илегалните комерцијални практики на Карфур и тие не се однесуваат воопшто на проблемите кои ги има францускиот синџир на супермаркети во Македонија.

Имено повеќе снабдувачи на Карфур му забележуваат дека им наметнувал пред преговорите за 2016 година, попуст чиј износ бил значителен.

Намалени цените во земјоделството во јануари

Карфур-Франција го потврди претресот, појаснувајќи дека групата „ќе извлече поука и ќе ги преземи соодветните мерки“, ако се покажат некои пропусти.

Претресот се случи кога Владата е во преговори со големите групи на супермаркети, со цел да се наведат истите да ја преиспитаат нивната политика на утврдување на цените кај нивните снабдувачи, посебно земјоделските производители, кои се ставени во опасност поради многу ниските цени. Имено од 20 јануари земјоделските производители протестираат редовно низ цела Франција поради многу ниските откупни цени. /MИА