Претрес во Велес: Приведени три лица кај кои биле пронајдени повеќе видови дрога

од Stefanija Kuzmanovska
349 прегледи

По претходно добиена наредба од Основен суд Велес, вчера бил извршен претрес во домовите на три лица во Велес при што биле пронајдени повеќе видови дрога.

Како што информира министерството за внатрешни работи, кај З.Ј. (50) се пронајдени и одземени две саксии со садници канабис сатива, повеќе пакувања со марихуана, едно пакување со опиум, едно пакување со амфетамин и дигитална вага.

„При претресот кај Д.Ј. се пронајдени и одземени марихуана и поголем износ на пари, додека кај З.Ј. (26), двајцата од Велес, се пронајдени и одземени саксија канабис сатива и марихуана“, наведува МВР.

Лицата се приведени во полициската станица во Велес и по целосно документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Слични содржини