337
На 18.05.2022, поциски службеници од Одделението за внатрешни работи Виница го лишиле од слобода С.Д.(37) од Виница. При претрес во дом и други простории во Виница, кои што ги користел С.Д., извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени ампули со кафеава прашкаста материја.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.