Претседателите на Иран и Сирија повикаа на единство за поддршка на Палестинците

од Stefanija Kuzmanovska
406 прегледи

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси и неговиот сириски колега Башар ал Асад ги повикаа денеска исламските земји да постигнат единствен став кога станува збор за поддршката на Палестинците.

„Исламските и арапските земји, како и сите слободни луѓе во светот, мора да постигнат обединет став за да ги запрат злосторствата на ционистичкиот режим врз угнетениот палестински народ“, му порача иранскиот претседател на својот сириски колега во телефонски разговор, пренесува „Ројтерс“.

Иран и Сирија се долгогодишни сојузници на Блискиот исток, а економското влијание на Иран во Сирија разурната од војна порасна во последните години, наведува британската агенција.

Раиси претходно разговараше со саудискиот принц Мохамед бин Салман за палестинско-израелскиот конфликт, пренесува „Танјуг“.

Според иранските државни медиуми, лидерите разговарале за „потребата да се стави крај на воените злосторства против Палестина“.

Слични содржини