Претседателите на Кина, Северна Кореја, Венецуела и Иран му честитаа на Путин за победата

од Симе Стоиков
293 прегледи

Пријателите и сојузници на рускиот претседател Владимир Путин побрзаа да му ја честитаат изборната победа, но западните лидери ги осудија, како што рекоа, нелегалните избори, пренесоа денеска светските агенции.

Според излезните анкети, Путин го освои својот петти претседателски мандат со рекордни 87 отсто од гласовите.

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, рече дека изборите не биле слободни и фер и се базирани на репресија и заплашување. Борел додаде дека 27-те земји од ЕУ ќе усвојат заедничка изјава за изборите подоцна во текот на денот.

Кинескиот претседател Си Џинпинг испрати порака во која му честиташе на Владимир Путин за неговиот реизбор за претседател на Русија, објавија во понеделник кинеските државни медиуми.

„Цврсто веруваме дека под стратешкото водство на претседателот Си Џинпинг и претседателот Путин, односите меѓу Кина и Русија ќе продолжат да напредуваат“, изјави за новинарите портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан.

Севернокорејските државни медиуми објавија дека Ким Џонг Ун му испратил порака на Путин во која му ја честитал победата.

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси му честитал на својот руски колега за неговата „решавачка“ победа на претседателските избори, јавуваат државните медиуми.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро рече дека „нашиот постар брат триумфираше, што е добар знак за светот“.

Слични содржини