Претседателката на Европската централна банка: Путин е виновен за инфлацијата во Европа

од Nikola Popovski
212 прегледи

Европската централна банка мора да ги зголеми каматните стапки поради инфлацијата предизвикана од војната што рускиот претседател Владимир Путин ја води во Украина, изјави претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард, пренесува „N1“, јавува Политико.

-Тоа е она што се обидува да го направи, да предизвика хаос и да ја уништи Европа што е можно повеќе. Енергетската криза предизвикува огромна инфлација која мораме да ја надминеме, изјави Лагард за ирската телевизија „RTE“.

Секој што се однесува така мора да биде воден од зли сили, рече Лагард и оцени дека „болниот руски претседател е застрашувачка личност“.

Зголемената инфлација во Европа дојде „од никаде“, посочи таа, а одлуката на ЕЦБ уште еднаш да ги зголеми каматните стапки ја објасни со борбата против инфлацијата.

Во септември инфлацијата низ еврозоната достигна 10 отсто, потсетува порталот Политико.

Слични содржини