Претседателката на германскиот парламент разговараше со Зеленски за членството на Украина во ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska
225 прегледи

Претседателката на германскиот парламент Бербел Бас денеска во Киев се сретна со украинскиот претседател Владимир Зеленски за да им оддаде почит на жртвите од Втората светска војна.

На средбата станало збор за вооружувањето и амбициите на Украина за членство во Европската унија, пренесува „Ројтерс“.

Бас посочува дека Бундестагот ќе ги забрза сите потребни процедури кога е во прашање влезот на Украина во ЕУ.