Претседателката на Тајван најави попатно патување во САД, Кина остро се противи

од Vladimir Zorba
128 прегледи

Министерството за надворешни работи на Кина денеска соопшти дека оваа земја остро се спротивставува на планираната посета на тајванската претседателка Цаи Инг-вен на САД, на пат кон земјите од Централна Америка.

Пекинг упати силен протест до Вашингтон преку дипломатски канали, додава кинеското Министерство за надворешни работи, пренесе Ројтерс.

Портпаролката на кабинетот на тајванскиот претседател најави претходно дека претседателот Цаи Инг-вен ќе ги посети Гватемала и Белизе на 29 март, преку Њујорк и Лос Анџелес.

Извори на Ројтерс наведуваат дека претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Кевин Мекарти, планира да се сретне со Цаи Инг-вен во Калифорнија, но Тајпеј се уште не ја потврдил оваа информација.

Кина претходно соопшти дека е „сериозно загрижена“ за посетата.

Висок функционер во Вашингтон рече дека тоа е стандардна практика и дека секој претседател на Тајван веќе патувал низ САД, како и самата Цаи Инг-вен, шест пати досега.

Слични содржини