188
Претседателката на Тајван, Цаи Инг-вен, објави дека воената закана за островот што ја претставува Кина „останува висока“, пренесува ТАСС повикувајќи се на локални медиуми.
„Тајван нема да се вклучи во ескалација на конфликтот или да предизвикува спорови, но е цврсто решен да го брани својот суверенитет и национален идентитет, да ги заштити демократијата и слободата“, рече таа.
Тензиите во Тајванскиот теснец и целиот азиско-пацифички регион се зголемија по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајпеј, што предизвика остри критики од Кина.