133
Тајван нема да биде спречен да контактира со светот и нема да попушти под притисокот, изјави денеска тајванската претседателка Цаи Инг-вен, по враќањето од патувањето во Централна Америка и САД, каде што се сретна со претседателот на американскиот Конгрес, Кевин Мекарти.
Таа изјавила дека „ентузијастичкиот“ пречек што го доживеала е силна порака, пренесува „Ројтерс“.
„Покажавме на меѓународната заедница дека, во услови на притисоци и закани, Тајван ќе биде уште пообединет и апсолутно нема да попушти пред пречките, ниту ќе ја запре трговијата со светот поради опструкции“, рече Цаи.