Претседателката на Тајван: Висока цена би била платена за инвазија на Тајван

од Stefanija Kuzmanovska
265 прегледи

Тајванската претседателка Цаи Инг-вен изјави денеска дека непријателот ќе плати висока цена за инвазијата или обидот да го нападне Тајван и ќе се соочи со осуда од меѓународната заедница.

„Она што треба да го направиме е да му дозволиме на непријателот да разбере дека Тајван има одлучност и подготвеност да ја брани земјата и способност да се брани“, им рече Цаи на воените офицери, пренесе „Ројтерс“.

Тензиите во Тајванскиот теснец и целиот азиско-пацифички регион се зголемија по посетата на претседателката на американскиот Претставнички дом Ненси Пелоси на Тајван на почетокот на август, по што кинеската војска одржа неколкудневни вежби од големи размери.