Претседателот Џафери поднесе Предлог деловник за работа на Собранието

од Radmila Tasevska
317 прегледи

Претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска во редовна собраниска процедура го поднесе Предлог деловникот за работа на Собранието, кој, како што информираат од собраниската прес-служба, е производ на повеќегодишна посветена работа на учесниците во процесот на Дијалогот Жан Моне.

-Во Предлог деловникот е предвидено одредбите да почнат да се применуваат од наредниот пратенички состав што всушност придонесе многу во донесувањето на непристрасни решенија со консензус и за пратениците од власта и за пратениците во опозиција, велат од Собранието.

Предлогот, како што посочуваат, е веќе доставен до пратениците во писмена и во електронска форма, а ќе биде предложен за прво читање како дополнение на дневниот ред на 127-та пленарната седница закажана за 3 октомври 2023 година.

Слични содржини