Претседателот Иванов ќе посредува во процесот на обнова на дијалогот?

од desk3
98 прегледи

„Слободен печат“ дознава дека во кругови на меѓународната заедница се разигрува сценариото според кое претседателот Иванов ќе се јави како посредник за надминување на политичката криза во Македонија.

Gjorge_Ivanov

– Се испитуваа околностите во кои Иванов би можел да одигра слична улога како покојниот претседател Борис Трајковски во обновата на политичката доверба и обновата на институциите на системот после војната во 2001 година. Во таа насока, споед информациите на „Слободен печат“, преземени биле и првични конкретни чекори.

Иванов неодамна во интервју за швајцарскиот весник Ле Темпс посочи дека опозицијата со прислушувањето сака да привлече внимание.

На забелешката на весникот дека некои забележуваат „тенденција на авторитаризам“ во Македонија, што ја става во опасност независноста на правдата и печатот, претседателот Иванов одговара дека на тој начин опозицијата се обидува да привлече внимание.

– Вие најверојатно се повикувате на случајот со нелегално прислушкување со кој лидерот на опозицијата Зоран Заев се обидува да привлече внимание на него. Од почетокот на овој случај, јас интервенирав за да побарам од државните институции да дејствуваат брзо и да ги казни оние кои го прекршиле законот – посочи Иванов.