286
Авганистанскиот претседател Ашраф Гани изјави дека го напуштил Кабул за да избегне крвопролевање и ги отфрли тврдењата дека зел големи суми пари кога ја напуштил претседателската палата.
Гани беше жестоко критикуван од поранешните министри за напуштање на земјата веднаш по влегувањето на Талибанците во Кабул.
„Да останев, ќе бев сведок на крвопролевање во Кабул“, рече Гани во видеото објавено на Фејсбук.
Ова се негови први коментари откако беше потврдено дека се наоѓа во Обединетите Арапски Емирати.
Гани рече дека ја напуштил земјата по совет на владини претставници.