Талибанците се на чекор до целосна контрола врз Авганистан по влегувањето во главниот град Кабул од каде се евакуираат странци.
Претседателот Ашраф Гани ја напушти земјата порано. Тој објави на Фејсбук дека ја напуштил земјата за да спречи „крвопролевање“, признавајќи дека „Талибанците победија“. Претседателот Гани, кој не кажа каде отишол, додаде дека „би останале убиени бројни патриоти, а Кабул уништен“ доколку останел во Авганистан.
– Талибанците победија (…) и сега се одговорни за честа, управувањето и зачувувањето на својата земја – објави Гана на Фејсбук.
Поранешниот потпретседател Абдула Абудлах беше првиот што рече дека претседателот Ашраф Гани „ја напуштил“ земјата по седумгодишно владеење, без да открие каде отишол.
Самиот Гани не кажа каде оди. Телевизиската мрежа „Толо њуз“ објави дека тој бил во Таџикистан.
Неговото заминување беше едно од главните барања на Талибанците за време на неколкумесечните преговори со владата, но Гани не сакаше да си замине.