294
Чешкиот претседател Милош Земан даде официјално одобрение за 103 чешки граѓани да и се приклучат на украинската армија во борбата против Русија, изјави портпаролот на чешкиот претседател, а пренесува државното радио Прага.
Портпаролот на Земан додаде дека одобрението ќе треба да го потпише премиерот Петр Фијала.
Чешкиот премиер во март изјави дека тој и претседателот се согласиле да гарантираат имунитет на сите Чеси кои ќе се пријават и бараат одобрение за учество во војната во Украина, под услов да се борат на страната на Украинците.
Според чешкиот закон, учеството во воени конфликти во странска земја без дозвола е кривично дело.