Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, ја претстави иницијативата за обврзници за дијаспората како јасен и транспарентен модел на инвестирање во развојот на Црна Гора, со гарантиран поврат на средствата, соопшти Канцеларијата на претседателот.
„На овој начин, ќе ги поврземе вашите заштеди и љубовта кон татковината со нејзините развојни потреби. Обврзницата за дијаспората не е само финансиски инструмент, туку и мост на соработка меѓу Црна Гора и нејзината дијаспора“, нагласи Милатовиќ на состанокот со претставници на црногорската дијаспора во Њујорк.
Како што објасни, средствата ќе бидат насочени исклучиво кон проекти од локално значење – градинки, училишта, болници, патна и комунална инфраструктура, особено на северот од земјата.
Милатовиќ потсети дека помеѓу двата пописи, Црна Гора изгубила 100.000 жители, поради недостаток на економски можности и чувство на неправда.
„Мора да создадеме општество во кое младите луѓе гледаат перспективи и сакаат да останат. Јас одговарам исклучиво пред граѓаните, без оглед на нивната религија или националност“, нагласи претседателот, според соопштението.
Тој додаде дека „Црна Гора е уморна од празни ветувања и политика фокусирана само на себе“.