Никол Пашинјан беше назначен на функцијата премиер на Ерменија откако неговата партија, Граѓанскиот договор, го предложи за кандидат, се наведува во денешниот декрет на претседателот на Ерменија, Армен Саргсјан.
Партијата Граѓанскиот договор, која има апсолутно мнозинство во парламентот на Ерменија, претходно предложи в.д. премиерот Никол Пашинјан да биде назначен за премиер.
Претседателот и заменик -претседателот на парламентот, како и шефовите на постојаните комисии, ќе бидат избрани на првата седница, а најавени се промени во структурата на владата, иако се уште не е познато за какви промени станува збор.
Денешната седница на парламентот започна со скандал, бидејќи опозицијата побара да се испита законитоста на одлуката за притвор донесена против двајца пратеници од опозицијата, по што беше одредена пауза.