187
Нуклеарната централа Запорожје мора да се демилитаризира и двете страни да ги повлечат своите сили од таму, изјави денеска претседателот на 77. Генерално собрание на Обединетите нации, Чаба Короси.
„Во врска со нуклеарната централа Запорожје, да ги наречеме работите со нивните вистински имиња. Тоа е главното прашање на нуклеарната безбедност. Ги повикуваме двете страни да ја демилитаризираат зоната околу нуклеарната централа, да ги повлечат своите сили, за да бидеме сигурни дека нема воени операции на територијата на нуклеарната централа“, изјави Короси за ТАСС.
Тој додаде дека ваквата одлука би била добра за Украина и Русија, но и за другите земји.