Претседателот на Иран: Ќе се одмаздиме за убиството на полковникот на гардата

од Stefanija Kuzmanovska
299 прегледи

Иран ќе се одмазди за смртта на полковникот на Револуционерната гарда Сајад Ходаи, изјави денеска претседателот на оваа земја, Ебрахим Раиси.

„Им наредив на нашите безбедносни сили сериозно да го сфатат ова прашање и не се сомневам дека ќе биде извршена одмазда за пролевањето чиста крв на нашиот маченик“, наведе Раиси, еден ден откако две лица на мотоцикл го убија елитниот офицер во атентат во Техеран, пренесе „Ројтерс“.

Портпаролот на Револуционерната гарда, Рамадан Шариф, изјави дека „ова убиство само ја зајакнува одлучноста на гардата да им се спротивстави на непријателите на Иран“.

Слични содржини