Претседателот на косовското Собрание: Ќе аплицираме за членство во ЕУ до крајот на годинава

од Vladimir Zorba
205 прегледи

Претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца, изрази песимизам во однос на договорот со Белград, но најави дека Приштина има намера да поднесе барање за влез во ЕУ до крајот на годинава.

Во интервју за австриската новинска агенција АПА, Коњуфца повика на истовремено пристапување на сите земји од Западен Балкан во ЕУ.

„Треба да се постави временска рамка од шест до осум години, со одредени насоки и реформски процеси кои треба да се спроведат во тој период. Тие што не можат да ги применат нема да поминат. Се друго би било само игра на време“, изјави Коњуфца.