Претседателот на ЛДП Горан Милевски денеска имаше средба со премиерот на Луксембург Хавиер Бетел. Милевски учествува на конгресот на европските либерал-демократи АЛДЕ што се одржува во Будимпешта.

На средбата со Бетел, чијашто земја е актуелен претседавач со ЕУ, како што соопшти ЛДП, станало збор за актуелната политичка состојба во Македонија. – Беше констатирано дека за надминување на политичката криза е неоходно целосно спроведување на договорот од Пржино, потишан со посредство на ЕУ, од страна на четирите политички партии, се наведува во соопштението.
Милевски разговарал и со Елен Тране Норби, министерка за прашања на деца, образование и родова еднаквост на Данска, Роџер Албинјана, министер за надворешни работи на Каталонија, како и со повеќе пратенци во Европскиот парламент од редовите на либерал-демократските партии од Европа.